| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона требало да гори – еве што било пронајдено кај терористот кој уби 13 и повреди над 100 луѓе

Шпанската полиција соопшти дека денеска открила повеќе од 120 канистри со бензин во куќа во Алканар, каде осомничените за двата неодамнешни терористички напади најверојато изработувале бомба за еден или повеќе напади во Барселона.

Пред нападот во Барселона се случи експлозија во една куќа во Алканар, а полицијата претпоставува дека џихадистите по грешка предизвикале детонација.

Исто така шпанската полиција соопшти дека главниот осомничен за нападите, Јунес Абујакуб изнајмил три комбиња.

Трите комбиња се изнајмени со кредитна картичка на осоничениот Мароканец, Абујакуб (22), за кој постои сомневање дека тој влета на шеталиштето во центарот на Барселона и уби 13, а повреди 120 луѓе. Тој се уште е на слобода и по него е организирана потера во североисточниот дел на Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top