| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица се повредени во пожар во стан во Скопје


Три лица се повредени во пожар во стан во Скопје кој изгорел целосно, а се проширил и во два соседни стана.

Според Министерството за внатрешни работи, пожарот избувнал ноќеска, околу еден час по полноќ, во стан во зграда на ул.„Сава Ковачевиќ“ сопственост на М.С. (73), која била сама.

Од пожарот, дошло до пукање на цевките од парното, при што се оштетени и станот сопстеност на В.М. (36) и станот сопственост на Б.А. (40).

Исто така, од пожарот со повреди се здобиле М.Ј (52) и С.Ј. (52) – станари во истата зграда, кои со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во ГОБ „8-ми Септември“, каде по укажаната лекарска помош им биле констатирани телесни повреди.

Пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top