
Пензионерите на 1-ви септември нема да добијат 2.100 денари покачување! Тоа можат сами да си го видат на своите сметки. Тоа што ќе го направи владата на СДС тоа е усогласувањето кое што е нивна законска обврска и тоа ќе направат минимално усогласување од 1%, истакна Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа значи 500 денари помалку или на годишно ниво над 5.000 денари помалку. Ние не знаеме за што ќе ги искористат тие средства. Во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ просечната пензија се покачи од 7.634 денари на 13.755 денари. Владата на Никола Груевски превземаше низа мерки и низа проекти за подобрување на квалитетот на живеење на пензионерите. Па така тие користеа климатско-банска рекреација, бесплатен викенд, превоз автобуски низ Скопје, бесплатен воз 2 пати во месецот итн, рече Теловска.
Сите мерки, додаде таа, беа за подобар квалитет, за подобро живеење на пензионерите.
-Тие луѓе плаќале данок на оваа држава, тие луѓе одвојувале од својата плата за пензиско и социјално осигурување. Оваа влада на СДС ги казнува токму тие 300.000 лојални граѓани на Македонија. Граѓаните се загрижени за финансиското ракување на оваа влада во државата. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ докажа дека тие се грижат за граѓаните, за интересите работат на граѓаните и тоа ќе остане така. И токму заради тоа сите овие 11 години ВМРО-ДПМНЕ победува на сите избори. И токму затоа на 15-ти октомври ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


