| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата потврди: Исчезнатиот Даниел е пронајден мртов во шума

Даниел Ѓеоргиевски, кој беше пријавен како исчезнат на 17 август синоќа е пронајден мртов во блиската шума во селото Чифлик во кое живеел, потврди штипската полиција.

Според полицијата синоќа околу 20 часот телото на Ѓеоргиевски е пронајдено на три километри од селото, во блиската шума по што надлежни истражни органи извршиле увид, а дежурниот лекар констатирал смрт. Немало траги на насилство.

Даниел Ѓеоргиевски живеел сам со неговите двајца браќа, а беше пријавен за исчезнат на 17 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top