Претседателите на Србија Николиќ и на Косово Јахјага најверојатно ќе се сретнат на маргините на претстојниот самит на претседатели од Централна и Источна Европа во Братислава, пренесува порталот мкд.мк ? На самитот ќе присуствува и Ѓорге Иванов, претседателот на Република Македонија кој предходно за одлуката да го откаже самитот во Охрид на кој Белград се противеше да биде покането Косово доби поддршка од американскиот Стејт департмент и ЕУ.
Пораката што од Македонија ја испрати претседателот Иванов со откажувањето на самитот на претседателите на држави и влади од Југоисточна Европа во Охрид, очигледно е дека ја разбранува европската дипломатија, во чиј фокус повторно се враќа Балканот, велат за МКД.мк дипломати што сакаат да останат анонимни. Неофицијално, се прават сериозни напори во Братислава на иста маса да седнат Томислав Николиќ, претседателот на Србија и Атифете Јахјага, претседателката на Косово. Обајцата го потврдија присуството на самитот.
Самитот ќе се одржи в среда и в четврток, а на него ќе присуствуваат 20 шефови на држави и претседателот на советот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани