| четврток, 6 декември 2018 |

Досега 25 лица затруени од сендвичите во „Седмица“

Досега 25 лица се јавиле на Инфективна клиника со болки во стомакот и висока температура откако јаделе од сендвичите во „Седмица“ во Лептокарија во Скопје.

Сендвичарницата веќе втор ден е затворена. Санитарната инспекцијата наредила и темелно чистење на просторот, опремата и работните површини, дезинфекција, дезинсекција, дератизација и дополнителни здравствени прегледи на сите вработени.

Земени се мостри од храната, брисеви од работната површина каде се подготвувале седндвичите, бактереолошки примерок од рацете на вработената која ги подготвувала плескавиците, брисеви од грло и нос на тројца други вработени… Резултатите од микробиолошките анализи ќе бидат готови во понеделник, кога ќе се знаат вистинските причини за труењето со храна.

Дежурните инфектолози велат дека според симптомите на пациентите, не се работи опасна бактерија која може да се прошири како епидемија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top