| четврток, 6 декември 2018 |

Пред почетокот на ЕП се повреди Милош Теодосиќ

Кошаркарската репрезентација на Србија не може да крене глава од проблеми пред стартот на Евробаскетот, пред се поради повреди. По пензијата на Марковиќ, откажувањето на Јокиќ, повредите на Бјелица, Радуљица и Симоновиќ, на повреда се жалат Немања Недовиќ, но и Милош Теодосиќ.

Најдобриот кошаркар на Србија се жали на болки во листот, а во Белград за да го прегледа пристигнал дури и лекарот на ЛА Клиперс. Србите чекаат извештај за сериозноста на повредата, а можно е Теодосиќ да добие сугестија да го пропушти Евробаскетот, слично како што Марјановиќ пред некоја година доби од Сан Антонио.

Србија на ЕП е во групата Д заедно со Турција, Русија, Летонија, Белгија и Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top