Поголема група студенти протестираше во Сараево, изразувајќи го незадоволството од зголемување на школарините и барајќи промени во државата и во раководствата на факултетите, а паралелно ги поддржаа и поворките и протестите низ целиот град поради недонесувањето на законот за единствени матичен број.
Придружено со одекнувањето на тапани, труби и свирчиња, сараевските студенти прво протестираа пред седиштето на Владата на Жупанијата Сараево, каде што истакнаа транспаренти со коишто се повикуваат сите студенти до БиХ да се обединат во барањата за промени во општеството, политиката и во раководствата на вискообразовните институции. Повод за нивните протести се барањата за зголемување на школарините на факултетите во Жупанијата Сараево, како и смена на управата на Електротехничкиот факултет.
На студентите пред седиштето на Жупанијата Сараево м се обрати ресорниот министер Дамир Марјановиќ кој ги поддржа во намерата јасно да кажат што им пречи.
Потоа студентската поворка се спои со неколку илјади граѓани, родители, пензионери, деца, кои протестираат поради проблемите со носењето единствен матичен број.
Слични протести имало и во Бихаќ на главниот градски плоштад, каде околу пладнето се собрале повеќе стотини граѓани давајќи им поддршка на сите граѓани на БиХ кои со денови протестираат барајќи носење закон за матичен број на граѓаните, поддржани од Унијата на студентите при Универзитетот во Бихаќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија