| четврток, 6 декември 2018 |

Малата Ариа никогаш нема да го запознае својот татко: Идентикувани првите жртви на нападот во Барселона

Двајца италијански државјани се првите идентификувани жртви во вчерашниот терористички напад во Барселона.

Италијанскиот премиер, Паоло Џентилони, соопшти дека Бруно Џулота, татко на две деца, и Лука Русо, се меѓу четиринаесетмината убиени кога комбе со голема брзина влета на најпосететната улица во Барселона, Ла Рамбла.

– Изразуваме сочувство до семејствата на Бруно Џулота и Лука Русо. Слободата ќе триумфира над варварството и тероризмот – напишал Џентилони на Твитер.

Бруно Џулота бил на одмор со неговата сопруга и нивните две деца, 5-годишниот син Алесандро и ќерката Ариа, која била стара само пет месеци.

Меѓу жртвите и повредените има државјани на најмалку 34 земји. Терористичката група „Исламска држава“ презеде одговорност за нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top