Оваа августовска недела ќе ја завршиме со топло време во последните два дена. Температурата в сабота долж текот на вардар ќе има вредности околу 38°С, во југозападниот крај помеѓу 33°С и 36°С, а низ низините во источниот крај околу 37°С. Низ повисоките населени места во источниот крај температурата ќе има максимална вредност околу 34°С.
Недела ќе биде „посвежа“ во однос на сабота за околу 2°С.
Сабота ќе биде сончев и релативно тивок ден, додека недела иако ќе започне со ведро и тивко време, нема така да остане до крај. Попладне ќе бидеме на периферија на влијание на атмосферски фронт, што ќе резултира со дестабилизација на атмосферата. Оваа состојба ќе резултира со краткотраен бран на врнежи проследени со грмежи кои ќе започнат во северниот крај доцна попладне, а ќе се преместуваат кон југ во текот на ноќта кон понеделник.
Продорот на постудена воздушна маса од север, ќе донесе пад на температурата кој ќе се задржи се до половината од наредната недела. Вредностите на максималната температура воглавно ќе бидат помеѓу 25°С и 29°С, а на југоисток до околу 30°С.
Повеќе на Метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст