| четврток, 6 декември 2018 |

Јаневски: Гледам насмеани и расположени играчи, но реваншот ќе биде тежок

Чедомир Јаневски мајсторски си ја одработи својата задача, за кусо време да го врати победничкиот дух во Вардар, а новиот тренер на македонскиот шампион тргна триумфално со својот клуб, во кој се врати по 28 години со голема победа од 2:0 против Фенербахче.

Имаме одличен резултат, против силна екипа. За среќа успеавме да победиме. Имаме проблеми во дефанзива и тука треба да корегираме. Им честитам на играчите и на навивачите. Игравме со срце, но имавме и многу среќа. Постигнавме голови на нивни грешки, но важен е сега само резултатот. Ни дава позитивна енергија и само сомногу труд ќе ја заслужиме и среќата. Да не се лажеме се уште ништо не е готово. Имаме добра предност, но и тоа не е гаранција за историски успех. Има и реванш, кој ќе биде тежок во Истанбул пред бучна публика. За нас е многу важно што успеавме да ја вратиме атмосферата. Дојдов и видов натажени лица кај фудбалерите, сега гледам насмеани и расположени играчи. Ќе ни недостасува капитенот Грнчаров, но имаме алтернативи. Тука се Дарко Велковски и Висар Муслиу, а јас имам сега период од неколку денови да се обидам да најдам решение, изјави Јаневски, по мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top