| четврток, 6 декември 2018 |

Американска сенаторка: Се надевам дека некој ќе го убие Трамп

Американската сенаторка Марија Шапел – Надал објави на Фејсбук коментар во кој наведува дека „се надева дека некој ќе изврши атентат врз Доналд Трамп“.
Демократската сенаторка од Мисури во средата објави коментар, кој набрзо го избриша. За Канзас Сити стар изјавила дека го напишала бидејќи „била фрустрирана поради траума и очај“ што ги предизвикал претседателот со своите кометари за насилството во Шарлотсвил.
„Го мразам Трамп. Тој предизвикува трауми и кошмари“.
– Погрешив со реакцијата. Фрустрирана сум. Дали мислев сериозно? Не. Дали сум фрустрирана? Апсолутно. Претседателот ни нанесува штета. Тој предизвикува омраза, изјавила Шапел-Надал.
Сенаторката додала дека во оригиналната порака што ја објавила не повикувала на насиство, односно атентат на Трамп.
– Коментарите на Трамп им олеснуваат на расистите да бидат расисти. Додека имам глас, ќе зборувам за штетата која ѝ ја нанесува на оваа нација.
Републиканецот Кирк Метјус на Твитер побара оставка од сенаторката, но таа не планира да даде оставка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top