Судија на претходна постапка му одреди 30 дена притвор за велешанецот кој со чекан му нанесе смртоносни повреди на својот сосед , а на уште четири лица од семејството на починатиот им нанесе тешки повреди.
Мерката му е одредена поради можноста да побегне, да влијае на сведоци или да го повтори делото.
Ќе одговара за кривично дело убиство и уште четири обид за убиство.
Крвавиот инцидент се случи минатата ноќ кога 46-годишниот Велјановсв со чекан им нанесе сериозни повреди по телото на сите членови на семејството Најдови.
66-годишниот Димче Најдов им подлегна на повредите, а неговата сопруга е пренесена во скопскиот клинички центар. Здравствената состојба и е постабилна, но сеуште тешка.
Ќерката , братот и снаата на починатиот пак се задржани на лекување во велешката болница и нивната здравствена состојба е стабилна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст