Марјан Бајрактаров за Струмица, за Петровец Борче Митревски, Славчо Чадиев за Велес, Тони Затковски за Кривогаштани и Зоран Ѓорѓиевски за Куманово се кандидатите за градоначаници со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на локалните избори во овие општини.
Кандидатот за градоначалник на Општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Бајрактаров, е роден 1965 година во Струмица. Дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје, а специјализирал орална хирургија. Во брак е со Силвана Бајрактарова, јавен обвинител во Јавното обвинителство во Струмица и имаат две деца Ангела и Александар.
Претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица бил од 2005 до 2007. Од 2009 до 2013 година е член на Советот на општина Струмица. Член е на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и активно учествува во политичкиот живот во општината.
Поддршката од граѓаните е поттик за актуелниот градоначалник на општина Петровец Борче Митевски да се бори за трет мандат на локалните избори.
Борче Митевски е роден 1961 година. Дипломирал на Факултет по бизнис администрација. Митевски е фамилијарен човек, женет и татко на две деца.
Од 1980 до 1993 година работел во ЗЕМ промет – Маркентинг контрола, од 1993 до 2008 година работел во ЈПАУ Македонија – аеродром „Александар Велики“.
Во својот мандат Митевски изгради плоштад во населено место Катланово, колекторски систем за Ржаничино, изгради систем за водоснабдување за Средно Коњари, колекторски систем, ново училиште и фекална канализација во Петровец, мешовита канализација за атмосферски и прочистени отпадни води во Ќојлија.
Митревски со своето долгогодишно во неколку наврати истакнуваше дека цела енергија и сила ја црпи токму од довербата и поддршката на неговите сограѓани и дека секој ден се повеќе и повеќе се труди општина Петровец да ја направи најубавата скопска општина преку реализирање на голем број проекти како за повозрасните така и за помладите генерации кои живеат во Петровец.
Актуелниот градоначалник на општина Велес Славчо Чадиев e роден 1959 во Велес.
Дипломирал на Дефектолошкиот факултет во Белград, а на УКИМ магистирира на Филозофскиот факултет.
Пред да биде избран за градоначалник на Велес, Чадиев работел во Општата болница во Велес.
Потпретседател е на Сојузот на дефектолози на Македонија, долгогодишен соработник на Сојузот на глуви и наглуви и на Заводот на глуви лица на Република Македонија.
Член е во ВМРО-ДПМНЕ уште од 1990 година. Подоцна станува претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес. Во 2005 и 2009 се наоѓа на советничката листа на локалните избори и станува претседател на Советот на општина Велес. Во 2013 година на локалните избори граѓаните го избираат за градоначалник на општина Велес.
Од 2013 година до денес Чадиев се покажа како одличен градоначалник а во својот мандат реализираше 370 проекти, иако во својата изборна програма вети 117 проекти.
Дел од проектите кои ги реализираше во својот мандат се, нов режим на сообраќај со кружни текови, изградба на индустриска зона Караслари, довршување на проектот за изградба на новиот објект на театарот „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, реконструкција на велешката гимназија, реконструиран е и градскиот стадион.
Во трката на предстојните избори локални избори, ВМРО-ДПМНЕ и „Колицијата за Подобра Македонија” за општина Кривогаштани ќе оди со актуелниот градоначалник Тони Заткоски.
Toни Заткоски е роден во Кривогаштани, по професија е дипломиран криминалист. Од 1994 година работи во Министерството за внатрешни работи. Од 2007 до 2013 година бил началник на Управата за безбедност и контразузнување во Прилеп. Актуелниот градоначалник Тони Затковски важи за комуникативна личност,човек близок до народот, градоначалник кој во изминатиот период секогаш излегуваше во пресрет на актуелните проблеми на граѓаните во Општина Кривогаштани. Тој е оженет човек и татко на две деца.
Под негово раководство Општина Кривогаштани доживеа инфраструктурна преродба и стана е поурбана општина. Изградена е индустриска зона во село Славеј, изградена е спортска сала во ОУ „Манчу Матак”, реконструкција на здравствениот дом во Кривогаштани.
Зоран Ѓорѓиевски, хирург и актуелен пратеник во Собранието, поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, е кандидат за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за Подобра Македонија”.
Актуелниот пратеник Зоран Ѓорѓиевски дипломирал на Медицинскиот факултет во Ниш во 1985 година, а искуството го печалел во Кумановската болница како лекар. Од 2001 до 2010 година е шеф на Хирушкиот оддел, а потоа е унапреден во началник на одделот. Зоран Ѓорѓиевски е оженет човек и татко на две полнолетни деца.
Во 2013 година Зоран Ѓорѓиевски е избран за член на Извршен комитет во ВМРО-ДПМНЕ. Од 2014 г. до ден денес Зоран Ѓорѓиевски е актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија.
Во Собранието Зоран Ѓорѓиевски има активно учествувано во поднесување и изработка на многу предлог-закони меѓу кои и Законот за докторска дејност со кој се предвидуваа плати за специјалисти од 100.000 денари и плати за општи лекари од 56 000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст