| четврток, 6 декември 2018 |

Убиството на Бојку е мафијашка пресметка за територии, смета Спасиќ

Проститутките го чинеа Дилавер Бојку Леку живот, затоа што станал закана и пречка за помладите мафијаши, вели поранешен припадник на југословенската служба за Државна безбедност Божидар Спасиќ за српскиот портал „Ало“, коментирајќи го убиството на балканскиот бос на проституцијата во Струга

– Бојку ја рашири работата и „бизнисот“ најмногу во Виена и Салцбург. Меѓутоа, британската безбедносна служба дојде до податоци дека тој започнал да работи и во Англија. На тој начин, би можел да и посмета на бугарската мафија, која го држи овој бизнис таму. На српската мафија не и` беше пречка, туку и беше од корист. Тој ги контролираше двата главни илегални правци за транспорт на девојките, од кои едниот беше преку Србија, па му беа потребни услугите на српската мафија за изработка на лажни пасоши и слично, што им носеше многу пари. Според мене убиството на Бојку е класична мафијашка пресметка и судир поради територии. Најверојатно ја поминал границата која ја држат други структури и тука нема простување- објаснува Спасиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top