| четврток, 6 декември 2018 |

Комби усмрти пешак во Дебар маало

Пешак им погледнал на повредите откако утринава во 8.50 часот лицето било прегазено од товарно возило на улицата „Антонио Грубишиќ“ во Дебар маало.

Од полицијата го потврдуваат настанот. Според првичните информации со кои располагаат додека 45-годишниот скопјанец Т.Н. со товарното возило се враќал наназад го прегазил пешакот со задните тркала.

Пешакот починал на место, а полицијата врши увид.

Дел од медиумите пренесуваат дека се работи за жена, но засега официјална потврда за идентитетот на прегазениот пешак нема од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top