| четврток, 6 декември 2018 |

Владата остана без еден орган: Половиот орган на Алаѓозовски се повлече од својата функција

Половиот орган на Роберт Алаѓозовски се повлече од својата функција после жестоките реакции откако во јавноста излезе неговата фотографија.
Пред неколку дена на интернет порталите се појави слика од Роберт Алаѓозовски комплетно гол како седи пред компјутер, а на сликата се забележува токму и неговиот полов орган, после што јавноста бурно реагираше.
Реакциите беа измешани, од такви кои го критикуваа половиот орган поради позицијата која ја зазема, до такви кои со две раце го поддржуваа и него и министерт Роберт Алаѓозовси. Но, на крај половиот орган попушти пред притисокот:
„Нема веќе да ја извршувам функцијата и ќе се повлечам. На министерот Алаѓозовски, на владата и особено на премиерот Зоран Заев им посакувам многу успех во понатамошното живеење без мене, верувам дека ќе најдат соодветна замена и дека ќе продолжат со успешната работа, како што досега работевме заедно“, изјави половиот орган на Алаѓозовски и додаде:
„Јас сум скромен. Мојата цел никогаш не била да се истакнувам, немам таков карактер. Само сакав да придонесам кон подоброто функционирање на министерот за култура и кон целиот ресор. Но, реакциите беа жестоки и мојата цврстина попушти. Ќе оставам на времето да суди за мојата големина и важност, во моментов се повлекувам и немам што повеќе да кажам“, додаде органот на Алаѓозовски.
Министерот Алаѓозовски рече дека е изненаден од оваа одлука на органот, но бидејќи одамна не се виделе, откако ќе се видат, ќе заземе став.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top