Балетот „Дервишт и смртта“ на македонскиот кореограф Игор Киров, а во изведба на ХНК Сплит ја одушеви публиката во Сплит која присустуваше на затворањето на Сплитско лето, пишуваат медиумите во Хрватска.
Освен Киров, кој е директор на ХНК Сплит, во подготовка на балетската претстава учестуваа уште тројца Македонци и тоа Сашо Димоски кој го напиша либретото, музиката е на Горан Бојчевски, а костимите се на Александар Ношпал.
„Со кореогафијата на едното од најпознатите дела на Меша Селимовиќ, „Дервишот и смртта“ Киров се обидува продре длабоко во човекот, да прикаже соочување со сопствената душа и обид да ја ослободи душата. Во тоа многу му помагаат Димоски, кој либретото го сведува на минималистичко читање на делото на Селимовиќ, композиторот Бојчевски, чија музика е многу остра и драматична и одигрува важна драматуршка улога, како и мајсторот за костими Ношпал и сценогафот Славен Раос, без чии сцени ќе се изгуби приказната“ пишува критиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст