Нема владина одлука за поскапување на струјата, соопшти денеска Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Во соопштението, Кабинетот на Анѓушев наведува и дека Владата не одлучува за цената на струјата, но не појаснува што ќе значи либерализацијата на пазарот на струја. Струјата ќе се обезбедува до крајните потрошувачи на слободен пазар, а според сегашните параметри тоа ќе доведе до нејзино поскапување, бидејќи Владата ќе изгуби моќ на регулирање на цената на струјата.
Воедно информира дека новиот закон за енергетика веќе се подготвува, а клучната цел е заштита на интересите на граѓаните. Законот е реформски, со него ќе се подобри севкупната состојба на уредување на односите во енергетскиот сектор и јасно ќе се определат правилата за сигурно, безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија.
„Новата законска рамка содржи европски правила и реформи со кои Македонија ќе фати чекор со регионот и реформските процеси со кои се доцни со години. Станува збор за реформски закон што ќе биде усогласен со обврските преземени од Енергетска заедница за имплементација на Третиот пакет, што претставува сет директиви и регулативи на Европската унија. Рокот до кога требаше да се имлементира Третиот пакет беше 1 јануари 2015 година, а непочитувањето на преземените обврски беа причина Европската енергетска заедница да отвори спор против Македонија“, наведува Кабинетот на Анѓушев.
Во соопштението стои и дека со имплементација на законот, Владата ќе ја врати Македонија на траекторијата на лидери во регионот во оваа област.
Иницијативата за измени на Законот з енергетика потекнува од вицепремиерот Анѓушев, кој освен што е потпретседател на Владата, има приватни бизниси за трговија со електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст