| четврток, 6 декември 2018 |

Владата на СДСМ го укина линерното зголемување на пензиите

Пензионерите оваа есен ќе добијат зголемување на пензиите од само еден процент, што значи дека Владата на Зоран Заев нема да ја продолжи политиката на ВМРО-ДПМНЕ за линеарно зголемување на пензиите од шестотини денари.
Од Министерството за труд и социјална политика за 24 Вести во понеделникот изјавија дека зголемувањето ќе се исплати во септември или октомври, откако статистика ќе ја објави просечната плата за јуни. Оттаму додаваат дека усогласувањето на пензиите од 1 јули 2017 година ќе изнесува околу 1 процент.

Ваквата математика значи дека просечната пензија ќе биде зголемена за само 188 денари. Најниските пензии за 85, а највисоки за околу 471 денар. Во првата половина од годинава пензиите се зголемија за 0,82 насто, анализира Курир.

Иако првично со буџетот за 2017 година беше предвидено зголемување за 5 отсто, со ребалансот парите за повисоки пензии се скратени.

ВМРО-ДПМНЕ во предизборието ветуваше дека во нивната програма предвидено е зголемување на пензиите за најмалку 10,25 отсто во текот на следните четири години.

–Просекот на зголемувањето на пензиите достигна 70 проценти, а најниските и над 90 проценти. Ова го нагласуваме заради фактот дека во времето на ниту една влада со која раководел СДСМ немало покачувања на пензиите, напротив дури и ги намалија за 8 проценти. Сега сакам да најавам и дополнително зголемување за следниот мандат за 10,2, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев пред изборите на 11 декември, при посета на Гостивар.

Тој тогаш додаде и дека исплатите на пензиите во времето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се одвиваше редовно, што, како што рече, не е пример кога СДСМ се на власт.

Во 2016 година просечната пензија во државава изнесувала 14.476 денари, што е речиси 100 процентно зголемување на износот на пензиите за разлика од 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ ја превзема власта од СДСМ. Пред 2006 година, владата на СДСМ не само што не ги зголемуваше пензиите туку и во неколку наврати изврши корекција, односно намалување, а нивната исплатата редовно доцнеше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top