Вардар ќе се соочи со Фенербахче во рамките на плеј-офот од Лигата на Европа. Првиот натпревар се игра во Скопје на „Телеком Арена“ со почеток од 20:00 часот, а се очекува турскиот гигант да има голема поддршка на трибините во нашиот главен град.
Од претходно се споменуваше и опцијата дека Јужната трибина ќе им биде дадена на гостите поради преголемиот интерес, сега, иако таа опција пропадна, јасно е дека Фенербахче сепак ќе има огромна поддршка од своите навивачи. Проблем може да настане што турските навивачи купуваа карти за Јужната трибина според првичниот план, а потоа, по одлуката на раководството на Вардар, истото го направија и македонските навивачи. Со цел да нема инциденти, четвртиот блок од Јужната трибина ќе биде празна и ќе служи како тампон зона. Поради ова, турскиот клуб преку својата интернет страница испрати апел до своите навивачи за фер навивање.
Фенербахче упати насоки до своите навивачи за работите кои не смеат да ги прават додека се на стадионот во Скопје и да се придржуваат до правилата. Од клубот побараа навивачите да бидат 90 минути зад својот тим, бидејќи тие секогаш биле важен фактор во победите на клубот и се надеваат дека така ќе биде и овој пат.
„УЕФА ќе има дополнителни контролори на безбедноста на мечот, кој е од висок ризик и затоа Ве предупредуваме да нема нарушување на безбедноста. Да не се влегува на терен пред и по натпреварот, да не се внесуваат недозволени пиротехнилчки средства, знамиња со политичка содржина. Да не се реагира на евентуални провокации на противниките навивачи. Навивајте громогласно за Фенербахче како што Вие тоа го знаете“, стои меѓудругото во соопштението.
Од Фенер побараа да не се наруши дисциплината или да се прекршуваат безбедносните правила. Исто така, од нив се бара да не седат на скалите, да не истакнуваат знамиња и банери со било какви политички слогани. Да не бидат фрлани предмети на трибините и да не се внесуваат остри и запаливи предмети. На крајот, раководството на Фенербахче побара да не го бодрат само својот тим, туку да покажат и почит кон противникот, во овој случај нашиот Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст