Задолженоста на Американците во вториот квартал од годината се искачи на рекордно ниво од речиси 12.500 милијарди долари благодарение на умерениот раст на хипотекарните и кредитите за автомобили, како и долгот за кредитни картички.
Вкупно, долгот на американските домаќинства во второто тромесечје изнесува 12.840 милијарди долари, што е за 552 милијарди долари повеќе во споредба со минатата година, покажуваат податоците на њујоршката филијала на ФЕД.
Од вкупната сума 4,8 отсто се лоши кредити, исто како и претходниот квартал. Предупредувачки сигнал е и влошувањето на наплатливоста на долгот по кредитните картички. што може да доведе до раст и понатамошни проблеми на потрошувачите.
Во вториот квартл во САД вредноста на хипотекарните кредити изнесува 8.690 милијарди долари односно 329 милијарди повеќе од минатата година. Додека за студентски кредити – 1.340 милијарди долари или 85 милијарди повеќе, а за заеми за автомобили – 1.190 милијарди или 55 милијарди повеќе.
Архива на вестиОстави коментар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст