| четврток, 6 декември 2018 |

МВР има фоторобот за убиецот на Дилавер Бојку, но нема осомничен

МВР интензивно трага по убиецот на Дилавер Бојку Леку кој вчера пукал пред полна плажа. Од извори во истрагата, 24 вести дознава дека веќе е направен опис на сторителот и активно се пребаруваат локации, но се уште нема осомничен.

Министерството за внатрешни работи трага по машко лице на возраст од околу 30 години, слабо развиен, а висок до 170 сантиметри. Напаѓачот на Бојку бил облечен во темна маица со кратки ракави, темни кратки пантолони и  темни летни сандали на нозете. На главата носел бела летна капа и темни очила за сонце.

Напаѓачот се упатил во непознат правец, а полицијата трага на локации на кои би можел да се наоѓа. Во текот на денот, следат повеќе детали за убиството на струшкиот таканаречен „бос на проституцијата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top