| четврток, 6 декември 2018 |

Законот за внатрешни работи ќе се менува по терк на Спасовски

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 23-та седница, на чиј дневен ред се повеќе точки од интерес на јавноста.

Како што соопшти владината прес-служба, на дневен ред се  Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи чиј предлагач е Министерството за внатрешни работи, Предлог-деловникот за изменување на Деловникот за работа на Владата на Република Македонија, чиј предлагач е Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, како и информацијата за Програма за безбедност и здравје при работа, со Предлог-програма и Предлог акциски план за спроведување на Стратегијата за безбедност и здравје при работа 2020, чиј предлагач е Министерството за труд и социјална политика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top