| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети бара албанскиот да биде за меѓународна употреба – ќе значи ли тоа промена на уставот


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети бара албанскиот јазик да биде за меѓународна употреба, а со самото тоа и смена на Уставот.

Ахмети во интервју за порталот Пост.мк вели дека законот е плод на компромис, но во иднина токму употребата на албанскиот јазик во меѓународна употреба е прашање кое очекува да се отвори.

„Што се однесува на јазикот, на пример, во меѓународната комуникација, албанскиот јазик е дискриминиран. Зошто албанскиот јазик да не се смета за еднаков и во меѓународната комуникација? Зошто албанскиот јазик да се забранува надвор од границите на Република Македонија? Но, ова се прашања кои можат да бидат отворени и да се разговара за нив“- вели Ахмети.

Премиерот Зоран Заев во изјава за истиот портал вели дека со Законот за албанскиот јазик се става точка на формалниот и легислативниот дел од Рамковниот договор

„Рамковниот договор значи рамномерна застапеност на сите и секаде во приватните компании, во јавните институции насекаде и тој дух се следи и треба да се следи, но преку ова правно решение на Законот за јазиците ние правно формално ги затвораме легално ги затвораме аспектите на охридскиот договор“- вели Заев.

Дел од експертите за законот веќе алармираа дека е надвор од Уставот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top