На плажа во Струга со која стопанисувал е застрелан Дилавер Бојку, објави Телма повикувајќи се на извори од истрагата. Нападот се случил околу 17 часот на плажата Блускај во центарот на Струга.
Со тешки повреди Бојку е префрлен во струшката болница. Од полицијата засега не соопштуваат детали, а во тек е формирање на полициски истражен тим кој ќе работи по насоките на обвинителот задолжен за истрагата.
Според првичните информации, Бојку им подлегнал на повредите од огнено оружје.
Пред 15 години Бојку го доби прекарот „балкански бос на проституцијата“ по што следуваа негово апсење, минимални пресуди по што избега од Македонија, негова екстрадиција од Црна Гора, за на крај да се вклучи во легален бизнис во туризам и угостителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст