Дарко Димовски одржа прес-конференција на која објави дека Централниот регистар го спровел решението на Министерствто за труд и социјална политика со кое тој е овластено лице за застапување на ССМ, односно дека од денеска тој е претседател на Сојузот на синдикатите на РМ.
Официјалното примопредавање со досегашниот претседател на ССМ Живко Митревски, како што информира Димовски, е договорено за 15 часот попладне.
Во ССМ изутрина официјалниот документ од Централниот регистар Димовски му го покажал на Митревски во присуство на полиција. Новото раководство на ССМ побарало асистенција од полицијата поради присуство на обезбедување на Митревски и пружањето мал отпор по којшто била констатирана фактичката состојба и договорено примопредавање.
Митревски денеска повторно ја оспори промената на раководството во ССМ и најави тужби за сите за кои, како што рече, според него се вклучиле во прекршувањето на законите и постапките во ССМ.
Досегашниот прв синдикалец Живко Митревски, пак, побара средба со премиерот Зоран Заев, а дополнително сите судски органи ги информирале за состојбата во ССМ. Митревски истакна дека е поднесена кривична пријава против, како што вели, носителот на сите овие активности, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, а кривични пријави ќе бидат поднесени и за директорката на Централниот регистар Ана Трајчева и за централниот регистратор кој дозволил да биде впишано името на Димовски.
– Бевте сведоци на еден историски скандал каде министерката Мила Царовска направи упад на насилен начин да го промени претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, легитимно избран на 19-тиот конгрес и донесе решение со кое го поништува легитимитетот на над 100.000 луѓе кои гласаа за претседателот, истакна на денешната прес-конференција Живко Митревски.
-Денес сме сведоци на еден друг историски скандал. Денес правниот систем во Република Македонија е поништен со донесувањето на решение на Централен регистер со кое се брише од регистерот легитимно избраниот претседател Живко Митревски на ССМ, а се внесува Дарко Димовски кој не е ни член во ССМ. Денес не се почитува ниту наредбата на Основното јавно обвинителство кое заради фалсификувани исправи кои беа доставени беше забранет уписот на Дарко Димовски и оваа наредба денес не е почитувана, истакна Митровски.
Тој вели дека Централниот регистар врз основа на притисоците кои ги имале од министерката и други политички структури, не го земал во предвид и решението од Управниот суд.
-Со решението предлогот на Дарко Димовски за упис на претседател на ССМ се одбива. Тоа значи дека правниот систем во Република Македонија падна на колена. Да не се почитува судската пракса и судските одлуки, како и она што значи меѓународна конвенција за слобода на организирање на синдикатите која директно забранува какво и да е мешање во синдикатите, вели Митревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст