Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) преложи до Владата измени и дополнувања на Законот за административни службеници со кои предлага укинување на тестовите за интелектуален капацитет, сертификатите за познавање на некој странски јазик, а предлага и измени на начинот за унапредување на административните службеници.
Според објаснувањето од МИОА предложените изменувања и дополнувања на Законот за административни службеници имаат за цел подобрени и поедноставени постапки за селекција, унапредување и оценување на административните службеници, со што ќе се зголеми бројот на компетентни кандидати за вработување, но ќе придонесе и за задржување на квалитетни и мотивирани вработени во јавната администрација во Република Македонија.
Според предложените измени делот од испитот за проверка на интелектуалниот капацитет и тестот на личност, содржани во актуелниот закон само ја усложнуваат постапката за селекција на кандидати за вработување, а притоа значително не придонесуваат за вработувања врз основа на заслуги.
Нецелисходни се и барањата за меѓународно признатите сертификати за познавање на еден од трите светски јазици, што претставува и финансиско оптоварување за кандидатите без извесност за сигурно вработување. Во однос на постапката за унапредување, сегашното ригидно решение согласно кое административен службеник може на интерен оглас да се унапреди само во едно повисоко ниво доведува до неможност за кариерен развој на административни службеници кои подолго време се на најниски нивоа во рамки на категоријата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст