| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка од Пехчево запалила погон на „Баргала“

Надворешна канцеларија за Криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Г.Р. (21) од с.Умлена, за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. Пријавената на 07.08.2017 година, во временскиот период од 10:00 до 13:00 часот, се упатила во објектот на старата гимназија во Берово во кој е сместен погон за производство на чевли на фирмата А.Д. „Баргала“ Штип, незабележана влегла во подрумска просторија и со употреба на подесен алат и запаливо средство предизвикала пожар кој што започнал неконтролирано и стихијно да се шири. При тоа било предизвикана значителна опасност за животите на луѓето кои биле ангажирани за работа од страна на наведената фирма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top