| четврток, 6 декември 2018 |

На аџилак во Саудиска Арабија починаа 31 аџија

На традиционалниот годишен аџилак во Мека и Медина, во Саудиска Арабија, синоќа починале најмалку 31 аџија.

Саудиската агенција СПА јави дека сите починати аџии се странски државјани, но досега не е објавена причината од која тие починале.

Аџилакот е една од главните верски обврски кај муслиманите и оваа година во Мека и Медина се очекува доаѓањето на повеќе од два милиона аџии.

Во Саудиска Арабија досега веќе пристигнаа најмалку 620.000 аџии, јави СПА, пренесе агенцијата Анадолија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top