| четврток, 6 декември 2018 |

Каролина Астеруд во навредлива колумна бара сечење полови органи на министри и кастрација на владици

Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, а денес универзитетскa професорka на Правниот факултет, Каролина Астеруд, во своја колумна за порталот „Мактел“ ги навредува министерот Никола Тодоров и МПЦ.

Спротивставувајќи се на законот за абортус, кој треба да се донесе од пратениците, со намера да се заштитат и да се води поголема грижа за жените, таа наведува дека кога во моментов би била пратеничка, би поднела шест амандмани.

1. На мажот што ја инсеминирал секоја жена на која нема да ѝ се дозволи да абортира несакана бременост од икс причини во законот, му се сече еден сантиметар од пенисот;

2. За првата жена што ќе настрада од семејно насилство како директна последица на законските решенија на министерот Тодоров, на истоимениот министер му се сече пенисот за 0,5 сантиметри;

3. За првата жена што ќе заработи стерилност или други тешки здравствени последици од абортус извршен во дупки, гаражи или со бапски деветини по влегувањето во сила на овој закон и во директна причинско-последнична врска со него, на министерот Тодоров му се сече пенисот за еден сантиметар;

4. За првата жена што ќе се самоубие поради овој закон, пенисот на министерот Тодоров (или тоа што останало по тоа под 2 и 3 ) целосно се кастрира, а за секоја наредна жртва, се кастрираат пенисите на сите владики што го заговараат овој закон, по абучен ред, но со право на првенство на владиката Петар (на кој ќе му се дозволи анестезија со виски, без гајле);

5. Откога ќе снема што да се сече кај министерот Тодоров и гореименуваните владики, за ситуации од 2 до 4, постапката на идентичен начин се спроведува за секој машки министер и машки пратеник, кој гласал за законот, прво на Груевски, па на Велјановски, а сите други по азбучен ред.

6. Сечењето да се врши во МПЦ и на трошок на буџетот на МПЦ. Образложение на амандманите: Секој маж за своето дело, сите заедно за делата на мажулињата од ДПМНЕ!

Во сите шест амандмани Астеруд директно ги навредува министерот Никола Тодоров и владиката Петар, премиерот на Република Македонија Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Велјановски и бара сечење на нивните пениси, како и кастрација на сите владики што го поддржуваат законот наведувајќи дека првенство би му дала на владиката Петар и, како што вели, со анестезија виски, обвинувајќи го за директен заговарач на законот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top