Доколку претседателот на САД Доналд Трамп испрати војска во Венецуела Каракас ќе има подготвен одговор, изјави синот на венецуелскиот претседател Никола Мадуро, помладиот.
Како што објави Си Ен Ен, Мадуро во говор на Уставотворното собрание рекол дека во тој случај „оружјето би можело да стаса до Белата куќа“ и дека би ја зазеле.
Белата куќа го осуди режимот на претседателот на Венецуела Мадуро поради кршење на човековите права, а Трамп неодамна изјави дека опцијата за воена интервенција во оваа јужноамериканска држава е отворена.
Во меѓувреме, опозициската коалиција во Венецуела ја отфрли „воената закана“ од која било страна.
Опозицијата признава дека неодамнешните потези на претседателот Мадуро се за јакнење на неговата власт и ја влошуваат економсјата ситуација и ја излоирале земјата, но истакнуваат дека тоа е единствен пат за враќање на демократијата.
Повеќе од 120 луѓе загинаа за време на антивладините протести во венецуела од април, во судири на полицијата со демонстрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст