Над 160 лица од албанска националност се обвинети за воени злосторства на Косов во српското Обвинителство за воени злосторства, пишува денеска весникот „Блиц“.
Станува збор за припадници на ОВК, кои се осомничени за злосторства врз српско и неалбанско население за време на судирите на Косово од крајот на 1997 година до завршувањето на НАТО бомбардирањето во 1999 година.
Истраги во Србија се водат против Хашим Тачи, сегашниот косовски претседател и Рамуш Харадинај. Весникот наведува дека освен нив под сомнение се и Агим Чеку, командант на ОВК, братот на Рамуш Харадинај, Даут Харадинај, Сулејман Селими, Фатмир Лимај, Харадин Баљај, Љах Брахимај, Јакуп Красниќи, Нуредин Баљај, Сулејман Селими, Азем Суња, Сахит Јаша…
Тачи е познат како предводник на дреничката група, која функционирала како дел на ОВК, а потоа и како криминален клан, пишува „Блиц“, додавајќи дека исто е и со Харадинај, кој бил водач на метохиската група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст