Пекинг денеска го зафати силна бура со грмежи, поради што стотици летови се одложени или откажани на еден од најголемите аеродроми во светот.
Властите предупредија дека дождот и ветарот би можеле да предизвикаат лизгање на земјиштето во областа Сечуан, која претходно оваа недела ја погоди земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала.
Пекиншките власти издале жолто предупредување на непогоди, со напомена дека обилните дождови, кои се очекуваат во кинеската престолнина би можеле да предизвикаат поплави во планинските области.
Најфреквентиот аеродром во Кина, Меѓународниот аеродром во Пекинг, ги повика патниците во соопштението објавено на неговиот сајт, да ги проверат најновите информации за летовите од и до градот.
Речиси 500 летови се откажани, додека 182 се одложени, се наведува во соопштението.
Пекинг е на удар на најновите неповолни метеоролошки прилики, откако торнадо вчера ја погоди Монголија, при што загинаа пет лица, додека над 50 беа повредени, а голем број куќи се уништени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст