| четврток, 6 декември 2018 |

Пипан ги планира сите од Литванија

Словенецот лично ќе разговара со оние што се откажаа бидејќи ги смета за неопходни

На денешната официјална промоција во МКФ, нашиот нов кошаркарски селектор Алеш Пипан соопшти дека ќе стори се на ЕП во Словенија во септември да ги има на располагање сите кои беа дел од тимот што пред две години не однесе до полуфиналето.

 Слушнав за изјавите на репрезентативците за крај на настапите во репрезентацијата, но сите тие ни се неопходни. Изјавите што ги дале Гечевски и Илиевски и останати се во некое друго време и по натпреварите во Венецуела кога беа потрошени и разочарани. Убеден сум дека со нив има простор за разговор. Македонија има потенцијал и можности за добри резултати, но потребен ни е секој кошаркар-рече Пипан, а подоцна и дополни. Ќе ги следам младите играчи, знам дека има таленти, но ние не можеме да жртвуваме резултати за да создаваме играчи. Тоа ќе мора да оди постепено и природно-вели довчерашниот селектор на Полска.

Актуелниот тренер на МЗТ Скопје со федерацијата се договорил за период до завршување на шампионатот во Словенија на кој ние сме во група со Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Литванија и Летонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top