| четврток, 6 декември 2018 |

Германска опрема за македонското мечување

Германското Министерство за надворешни работи ќе донира опрема на Македонското здружение за мечување, а по налог на Германскиот олимписки спортски сојуз во Франкфурт на Мајна, експертот за мечување, Рорик Јансен, престојува во Струга, за да одржи тренинг-камп во соработка со македонскиот партнерски сојуз.

– Целта на проектот е да се поддржат развојот и професионалноста на мечувањето како спорт во Македонија, особено во дисциплината „борба со меч“ и да се поттикне подмладокот, соопшти денеска Германската амбасада во Скопје.

Донацијата на германското МНР ќе биде предадена од страна на Германската амбасада во Скопје. Станува збор за мечеви, ракавици, маски за лице и торби за опрема за мечување. Обуката за мечување експертот Јансен треба да ја одржи за време на неговиот четиридневен престој во земјава, кој завршува утре.

Проектот се реализира во соработка со Националниот олимписки комитет (МОК), стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top