Познато е дека Доналд Трамп бил успешен бизнисмен пред да стане претседател на Америка, а една Србинка имала можност да го запознае одблиску и сега открива каков е тој приватно.
Весна Југовиќ де Винча е сопственичка на агенцијата Мис Ју, а Трамп го запознала преку изборот за мис.
-Кога од Трамп ја добив лиценцата за Мис Унивезрум за Србија и Црна Гора 1996 година, не претпоставував дека лично ќе го познавам претседателот на САД. Се сретнавме прв пат на Хаваите и тогаш му се претставив како агресивна Србинка, на што тој се насмеа и рече дека и за него велат дека е агресивен и дека тоа многумина нервира. После самиот го сфаќа принципот, оној кој ќе те изнервира, тој победил-рекла Весна и додала
-Кога Меланаја се појави во неговиот живот, стана поблаг и понасмеан. Нејзината отмена смиреност, но и сила имаа позитивна улога во нивниот брак-рекла таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.