На денешната седница Талат Џафери повика на насилна интервенција против пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, откако одби да даде збор на пратеникот Антонио Милошоски. Иако за тоа е обврзан согласно Деловникот, Џафери повика обезбедување да го тргне пратеникот од говорницата и повика пауза. По паузата му даде збор на Милошоски кој истакна:
Ако некој овде ја узурпира говорница тоа е Талат Џафери. Неможе тука Талат Џафери да оценува кој координатор кога ќе побара процедурално. Тоа е слобода дадена со деловникот и тоа право треба да се почитува. Согласно Член 88 од Деловникот и неможе некој што ја узурпирал фотељата Претседател на Собрание да го крши членот 88 од Деловникот рече Милошоски и додаде:
Второ со ниеден мој потег не сум го нарушил достоинството на Собранието, нити ќе го нарушам но Талат Џафери го нарушува угледот на Собранието што од господинот Старова Вулнет до денес за 60 дена има повеќе пати повикано обезбедување од било кој до сега што седел на таа фотеља. Вие можете да викате обезбедување колку сакате но нас не гласал народот, по Деловникот имаме право и ние од тоа право нема да се откажеме.
Милошоски истакна да не се крши и да не се толкува произволно изборниот законик кој е донесен со консензус.
Милошоски рече:
Следниот пат размислете добро пред да повикате обезбедување затоа што не ви служи вас на чест ниту ве прави полегален од нелегалноста што ја носите. Затоа почитувајте го Деловникот, почитувајте ги пратениците. Имаат поголем легимитет од вас и вие треба овие пратеници да ги почитувате како избраници на народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст