| четврток, 6 декември 2018 |

ФИБА го казни Косово со симболични 1.000 евра за исвиркувањето на македонската химна (видео)

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) изрече казна на сметка на репрезентацијата на Косово, поради непримерното однесување на домашните навивачи.

Имено, на мечот против Македонија, кој беше прва победа во нивната историја, на стартот се слушаа свирежи додека свиреше македонската химна. Се очекуваше драстична казна поради ваквиот гест на косовските фанови, а ФИБА одново разочара и им додели казна од симболични 1.000 евра.

Оваа сабота, нашата земја ќе биде домаќин на Косово во реваншот од претквалификациите за Светското првенство (СП).

Првиот меч пред една недела заврши во полза на косовските репрезентативци со 72-68.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top