СВР Куманово поднесе кривична пријава против 47-годишниот Д.Т.и 37-годишниот З.А. од Куманово, двајцата управители на Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги ПРЕМИУМ МИНЕРАЛИ ДТ ДОО увоз-извоз Куманово за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност” во врска со кривично дело ,,тешки дела против општата сигурност”, додека правното лице е пријавено за ,,предизвикување општа опасност”.
Пријавените на 24.11.2012 година со Министерство за финансии, склучиле Договор за концесија за експлоатација на минерална суровина- термоминерална вода на локалитет село Проевце-Општина Куманово, со што постапиле спротивно на член 6 од претходно наведениот договор-односно не превзеле никакви мерки за обезбедување на објектот, заради што на 31.07.2016 година во базенот се удавило четиригодишно девојче од Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст