Имав шанса да работам на Суперкуп, директно од внатре, не само како гледач. Вчера, како да не бев во Македонија. Наместено, залепено, нацртано, наредено. Детали кои никогаш не би ги приметил. Чисти улици (бар во догледен радиус), празни контејнери, исчистени фасади. Покриени дупки, искастрени лозници. Културни редари. Полицајци што ти се обраќаат на повеќе јазици. Администрација од многу националности. Позитивно наелектризирани кафанчиња, кафичи и подигната атмосфера…
…и ми се потврдува тоа дека на овие 25К км2 не живеат морони и идиоти… Знам дека многу пари се во игра но тоа не е поентата, 95% од лугето кои работеа беа од Македонија.
Енивеј, цела вечер ме тишти прашањето како и кога успеавме така добро да си го конзервираме и стерилизираме ентузијазмот? Испаѓа дека ние ќе си работиме паушално по дома, нели, колку да помине, а оној вистински потенцијал ќе си го чуваме, знаете, за коа стварно ќе притреба.
Не е до нас! (ова не е иронично напишано)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст