| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца странци, двајца Македонци фатени во обид да спечалат пари од билети за Суперкупот

МВР регистрирала три случаи на препродавање на билети за Суперкупот од страна на тројца странски државјани, односно двајца англиски и еден српски државјанин и двајца македонски државјани. Според полицијата во текот на денешниот ден ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „недозволена трговија“ став два од Кривичниот Законик.

-Потоа недозволена продажба на шалови со натписи на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед од страна на двајца македонски државјани, на кои им е издаден записник за прекршок по Законот за трговија. Регистриран е и случај на спречување на службено лице во вршење службено дејствие од страна на вработен во Агенцијата за разузнавање – велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top