Новиот урбанистички план на Општина Чаир може да стане многу проблематичен да ги заостри одонсите меѓу жителите и општинските власти, сметаат дел од жителите на Чаир, објавува порталот на албански јазик „Алмакос“.
Алмакос, повикувајќи се на свои извори, дознава дека голема група жители од оваа оштина бараат од општинските власти на Чаир да престанат новите градби, кои, како што тврдат тие, ќе бидат изградени над зелените површини.
Според „Алмакос“, граѓаните на Чаир најавуваат и масовни протести против овие градби кои се опфатени во урбанистичкиот план на општината.
Овие денови, објавува порталот, се зголемува бројот на револтираните од овие нови градби кои не се во согласност со урбанистички план на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија