| четврток, 6 декември 2018 |

По завршување на УЕФА Суперкупот, јавните претпријатија на Град Скопје на терен

Скопје вчеравечер беше домаќин на големиот фудбалски спектакл, односно на натпреварот меѓу фудбалките клубови на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Љубителите на фудбалот од цел свет имаа чест и задоволство да ги видат светски познатите фудбалски имиња на натпревар од УЕФА Супер купот.

Скопје во текот на изминатите денови го посетија повеќе од 100.000 посетители и за таа цел се погрижи најголемиот дел од нив да бидат информирани за знаменитостите на Скопје преку промотивно видео и голем број брошури.

По завршувањето на натпреварот на кој присуствуваа околу 33.000 навивачи, на терен излегоа екипите на јавните претпријатија на Град Скопје кои што ги чистеа јавните зелени површини во Градскиот парк, улиците и плоштадите на коишто беа поставени фан зоните.

Активностите се одвиваа цела вечер и ќе продолжат денеска до целосно расчистување на просторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top