| четврток, 6 декември 2018 |

Заев – Главчев: Местото на Македонија е во ЕУ и во НАТО

Продолжува да се развива во позитивна насока соработката меѓу Македонија и Бугарија по потпишувањето на Договорот за добрососедство и, пријателство, оценија Зоран Заев и претседателот на Народното собрание на Република Бугарија Димитар Главчев на денешната средба во Скопје.

Заедничка беше констатацијата, како што соопшти владината прес-служба, дека местото на Македонија е во ЕУ и во НАТО.

– Во очекување на ратификацијата на Договорот во парламентите на двете држави, веќе се воспоставени контакти меѓу бизнисмени од двете земји, што ќе придонесе за економски развој во државите и отворени се можности за соработка во повеќе области, како што се земјоделството и културата, се наведува во соопштението.

 

На средбата заеднички е заклучено дека регионалната соработка е значајна за евроатлантската иднина која, според соговорниците, му е потребна на целиот Балкан и дека односите меѓу Македонија и Бугарија се добар пример за тоа.

Претседателот на Владата на Република Македонија Заев му заблагодари на  Главчев и за хеликоптерите што ги испрати Бугарија во Македонија, како значајна помош во справувањето со пожарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top