Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска телефонски разговарал со министерот за земјоделство на Хрватска, Томислав Толушиќ, поради новиот правилник за увоз на овошје и на зеленчук, што Хрватска го донесе на 15 јули, при што значително се зголемуваат трошоците при извоз на македонското свежо овошје и зеленчук.
„Во текот на денешниот ден, министерот Николовски оствари телефонски разговор и со министерот за земјоделство на Хрватска, Томислав Толушиќ, кој покажа интерес за наоѓање решение за настанатиот проблем“, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Николовски бил во постојан контакт со надлежните министри од Република Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, по вчершаниот состанок во Сараево, каде што беа донесени заеднички заклучоци.
Министрите ја повикаа Хрватска итно да ги укине дискриминаторските одредби од правилникот, а трошоците за инспекцискиот надзор да се сведат на нивната реална висина. Меѓу другото, во заклучоците се наведува дека секоја земја, сè до решавање на проблемот, за да ги заштити сопствените економски интереси, ќе преземе соодветни конкретни мерки и механизми.
Србија го зајакна надзорот над производите од животинско и растително потекло кои доаѓаат од Хрватска, како одговор на хрватските мерки за зголемување на давачките и засилен фитосанитарен надзор при увозот на овошје и зелечук од трети земји.
Како што соопшти српската царина, во координација со сите погранични органи и инспекциски служби, веќе се на сила зајакнати контроли и надзор над стоката. Тоа подразбира дека се земаат примероци од секоја пратка и детално се проверуваат, а не со селективна метода како што досега било случај.
Производите потоа се ставаат под царински надзор, додека не се добијат резултатите од фитосанитарната и ветеринарната инспекција. Дури потоа пратките за кои ќе стигнат позитивни решенија ќе можат да бидат царинети и да бидат пуштени во продажба.
Четири балкански земји побараа од Хрватска да ја повлече одлуката за драматично зголемување на таксите за увоз на овошје и зеленчук или во спротивно ќе се соочи со соодветен одговор. Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија го упатија овој ултиматум по средбата на владините претставници во Сараево. На 14 јули Хрватска ги зголеми давачките за увоз на овошје и зеленчук за 22 пати. Од Европската комисија препорачаа дека сите страни треба да ги почитуваат трговските обврски. Од хрватската Влада, пак, го изнесоа ставот дека целта им е да се заштитат домашните производители од прекумерен увоз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст