| четврток, 6 декември 2018 |

Седница на собраниската Комисија за избори и именувања

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседава Комисијата за прашања на изборите и именувањата. 

На дневен ред се Предлог – одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, Предлог – одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Македонија  за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи  на Собранието на Република Македонија  за соработка со парламенти на други држави и Предлог – одлуката за резрешување од функцијата заменик на генералниот секретар на Собарнието на Република Македонија. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top