| четврток, 6 декември 2018 |

Снајдер и Балотели повторно заедно

Францускиот тим со одлично засилување пред двомечот со Наполи.

Екипата на Ница го договори 33 годишниот фудбалер од средниот ред, Холанѓанецот Весли Снајдер.

Снајдер беше слободен играч на трансфер пазарот, тој веќе ги помина успешно медицинските прегледи, Холанѓанецот во Франција преминува откако му заврши договорот со турски Галатасарај ова лето.

Ница го потврди овој трансфер, Снајдер ќе го носи дресот со број „10“ во францускиот тим.

Преселбата на Холанѓанецот во Ница, значи дека Снајдер повторно ќе биде заедно со Балотели во ист тим, откако и двајцата беа дел од редовите на Интер под водство на Мурињо, каде тимот од Милано беше доста успешен во сезоната 2009/10.

Снајдер доаѓа како големо засилување за Ница во пресрет на двомечот против Наполи во плејофот од квалификациите за Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top