| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска има 7 дена да ја повлече зголемената такса за увоз на овошје и зеленчук

Хрватска има рок од 7 дена да го  повлече новиот Правилник за увоз на земјоделски производи. Во спротивно ќе се соочи со контра мерки од Македонија и другите земји од регионот. Новововедените високи цени за граничната проверка на квалитетот на производите  ги налутија ресорните министри од земјава Србија, Црна Гора и БиХ. Тие денеска од Сараево побараа ЕУ да се вклучи во решавање на проблемот. Бараат и  итен состанок со надлежните министри од Хрватска.

Покрај заедничките ставови за развој на слободна трговија и посветеноста на земјите во регионот за проток на добра без бариери денеска бевме единствени во носење на заклучоците.Сепак секоја од земјите има право соодветно да превземе дополнителни мерки или контра мерки за во вид и форма за која мисли дека е соодветна а се со цел да ги заштити сопствените интереси.Како регион остануваме посветени на Берлинскиот процес и градење на заедничка економска област“, изјави министерот за земјоделство,шумасртво и водостопанство на Република Македонија Љупчо Николовски.

Според правилникот, надоместокот за контрола на квалитетот на овошјето и зленчукот на граница , се зголеми од досегашните 12 евра на 274 евра по производ. Ова се однесува само на извозниците од земјите кои не се членки на ЕУ.

Одложувањето на решението односно неукиниувањето на дискриминаторските одредби може да  нанесе сериозни штети на производителите. Се зголемуваат трошоците за извоз што ќе влијае на крајната цена на чинење на производот. Со такви зголемени цени  македонското овошје и зеленчук  ќе бидат неконкурентни на хрватскиот пазар.

Следната средба на министрите ќе се одржи во септември во Скопје,  со цел да се отстранат бариерите кои ја загрозуваат слободната трговија на добра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top