| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан: Дали ќе игра Роналдо, ќе видиме утре

Последен пред медиумите собрани во Скопје се појави предводникот на „кралскиот клуб“, од клупата, Зинедин Зидан.

Како се чувствува тимот пред мечот?

„Тимот се чувствува одлично, физички работевме многу и со нетрпение го очекуваме овој натпревар“….

Што ќе биде клучно за мечот?

„Неколку работи, многу знаеме за нашиот ривал, и она што е важно за нас што ќе правиме ние. Главно тоа е важно. Но не можам еден клучен елемент, туку се многу“„…

За Кристијано Роналдо… дали ќе игра?

„Има многу работи и многу врева и многу работи се случуваа, но тој е релаксиран. За мене најголем впечаток е дека физички е во врвна форма, како во финалето. И тоа што ме интересира, тој е во форма. Што се однесува до другото, тоа не можеме да го смениме. Тој е со нас и подготвен е да игра, а утре ќе видиме дали ќе игра или не“.

Мурињо за Бејл кажа дека ако не сметате на него, може да дојде во Манчестер?

„Играчот се чувствува добро, тренира со нас и тоа е најважно. На крајот на сезоната работите беа тешки бидејќи беше повреден и надвор од тимот. Сега е добар, тренира, фокусиран е да настапи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top